За честите критики на тетовскиот градоначалник Биљал Касами дека МВР не соработува со Општина Тетово, министерот Спасовски на новинарско прашање за оваа тема, посочи дека како Министерство и Сектор за внатрешни работи им стојат на располагање на тетовските локални власти. Вели дека тоа секој ден се прави и полицијата и општината соработуваат во две смени од пајак службата.
-Дали може да се подобри, сигурно може да се подобри и комуникацијата и соработката, да се предложат мерки, нови сообраќајни решенија кои се во надлежност на општината, да се исцрта хоризонтална сигнализација, да се постават нови вертиални сигнализиции, да се постават нови паркинг места, ние сите тие работи ќе ги поддржиме од стручен аспект а тоа е најважно за граѓаните. Ние сме спремни за соработка. Ова е институција која не води политика туку се грижи за безбедноста, рече Спасовски.
Министерот порача дека секоја институција треба да си ги знае надлежностите.
-Утврдување на сообраќајниот режим во општината, го носи општината. Министерството за внатрешни работи дава согласности на сообраќајните елаборати кои ги прават проектанските бироа. Тие сообраќајни решенија секогаш мора да бидат понудени врз основа на законските норми коишто се колегите се подготвени во секој еден поглед да помогнат да најдеме решение, да видиме што е тоа што е соодветно решение и да пристапиме кон издавање на таквите дозволи. Дојде така да ние стоиме на располагање да седнат службите од секторот за внатрешни работи заедно со општината, да ги видат кои се тие барања коишто можеби има и проблематични барања коишто треба да бидат отстранети. Меѓутоа, за интересот на граѓаните ќе направиме се дај Боже да имаме што е можно повеќе проекти. Дај Боже да имаме што е можно повеќе барања за нови паркинг места и така натаму за градба. Тоа не зависи од нас, зависи од општината. Дај Боже да ни се обележани сите пешачки премини, да се стават знаци, да имаме семафорите, кај натаму. Сето тоа е надлежност на општината, а ние сме тука тоа да го поддржиме. Јас изразувам таа волја, а тука се началниците во секој еден поглед тоа ќе го направиме, рече Спасовски од Тетово каде беше во рамки на „Отворен кабинет“.
ас