• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 2 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Средби на СВР Тетово со претставници на угостителски објекти за доследно спроведување на Законот за странци

06/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во деновите од викендот тетовските полициски службеници имале средби со одговорните луѓе во 21 угостителски објект, како хотели и мотели, со цел да ги запознаат со Законот за странци и деловите за пријавување на престојот на тие луѓе во нашата држава. Опфатени биле објекти лоцирани на тетовско-гостиварското подрачје.

-Во рамките на овие средби чиј носител е Отсекот за превенција, полициските службеници поблиску ги запознале угостителите со одредбите на Законот за странци и со неопходноста од нивно целосно и доследно почитување, пред се кога станува збор за пријавување и одјавување на странски државјани и регулирање на нивниот престој на подрачјето. Тие, исто така, биле информирани и за законските импликации доколку не се придржуваат на важечките одредби. Угостителите искажале целосна подготвеност на имплементација на законските одредби и во иднина, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според информацијата од СВР Тетово минатата недела вакви средби со претставници на високообразовни институции и спортски клубови во кои се образуваат или за кои настапуваат странци беа организирани во Гостивар.

ас
фотографии на СВР Тетово

Поврзани објави

Вести

СВР Тетово: Приведени крадци во тетовско, фатени на дело

02/12/2023
Вести

Возило удрило во мече, кое било повредено но продолжило да се движи

01/12/2023
Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Следна објава

„Вратничка крваа свадба“ објавено најновото дело од публицистите Стево Томовски и Душко Синадиновски

Tetovo, MK
сабота, декември 2, 2023
scattered clouds
14 ° c
50%
9.78mh
30%
14 c 2 c
нед
6 c 1 c
пон
7 c 3 c
вто
7 c 6 c
сре

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!