• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 11 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Средношколец пријавил напад од четворица врсници, еден го удирал со дрвен предмет

18/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово информира за случувањата кои се евидентирани од нивните служби.

Седумнаесетгодишник од тетовска Мала Речица, вчера (17 мај) во 15 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот и 30 минути, на паркинг пред тетовско средно училиште физички бил нападнат од четири лица, ученици во друго средно училиште во Тетово, кои ги познавал. Во нападот, според пријавеното, едниот од нив користел и дрвен предмет. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (17 мај) околу 23 часот и 50 минути извршиле службен разговор со 22-годишниот Н.А. од тетовска Голема Речица, кој бил пријавен од 21-годишна тетовка, со која претходно бил во врска, дека физички ја нападнал. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера (17 мај) на пат за тетовско Селце, во месноста „Кабаш“, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода  В.К.(36) и Ш.Д.(31) од ова село, кои во возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки пренесувале огревно дрво без потребните документи. Извршен е увид, двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото и дрвата им се одземени и ќе и бидат предадени на Шумска полиција. По целосно документирање на случајот ќе следуваат поднесоци.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (17 мај) во 15 часот го лишиле од слобода К.Н.(37) од тетовско село, кој непосредно пред тоа бил пријавен од неговата 30-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.

Поврзани објави

Вести

Во ноември имало 22 акциски контроли за сообраќај – евидентирани 1363 прекршоци

11/12/2023
Вести

Апел на СВР Тетово-пукањето петарди се казнува прекршочно, за нелегалната продажба има кривична одговорност

11/12/2023
црвен крст
Инфо компас

Две крводарителни акции неделава во тетовскиот регион

11/12/2023
Вести

Санкционирани 27 возачи за управување под дејство на алкохол на подрачје на СВР Тетово

10/12/2023
Вести

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиноски со отчет за работата во 2023 година

09/12/2023
Вести

Форум на жени СДСМ Тетово со активност по повод кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

09/12/2023
Следна објава

Вчера од 7 до 12 часот полицијата изрече 12 санкции за непочитување на првенство на минување

Tetovo, MK
понеделник, декември 11, 2023
clear sky
5 ° c
80%
3.58mh
8%
12 c 5 c
вто
11 c 6 c
сре
12 c 4 c
чет
5 c 2 c
пет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!