-По барање на граѓаните бев во посета на тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“, ја видов негрижата во последните неколку години. Македонците во гимназија немаат спортски терен и немаат услови за спортување. Како кандидат за советник им ветив поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година, порача денеска кандидатот за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Станислав Бојчески.