• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Стариот дел од Тетово може да остане со катастрофални улици поради судир на релација општина – полиција

15/08/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Улиците со калдрма во стариот дел од Тетово ќе останат во катастрофална состојба поради судирот на општината и полицијата. Додека двете страни се убедуваат кој е во право жителите останува да се мачат со движењето по дупките.

-Патот е 20 години веќе со дупки, хаос, не можеш да поминеш ни со возило, ни дете во училиште, така да не е подносливо.

-Инвестицијата не кошта многу, треба само да се истампонира улицата и да се прередат коцките да нема дупки.Колете ги искршивмо значи, треба да се среди.

-Ова е најзапуштено место, а го користат многу луѓе, порачаа жителите на Два бреста.

Прередувањето на калдрмата кое беше започнато неделава, истито ден беше прекинато од полицајци. Тие барале од фирмата изведувач да ја прекине работата и да ја врати првобитната состојба, со образложение дека ги немале соодветените документи кога станува збор за одвивање на сообраќај.

-Полициските службеници на СВР Тетово на лице место утврдиле дека градежните работи се изведуваат без потребната документација и согласност од МВР односно СВР Тетово и без поставена адекватна сообраќајна сигнализација, предвидена за таков вид зафати, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Градоначалникот Касами вели дека со ова полицијата му прави добра реклама, оти се работи на сите улици низ градот.

-Полицијата има направено записник каде што тврди дека работите не се во  согласно одобрението на полицијата а ние не знаеме која е таа неусогласеност со одобрението. Значи фирмата има договор со општината за реконструкција на улици и полнење на дупки. Има пуштено до полицијата информација дека во овој период согласно договорот ќе работи на сите улици во Тетово, изјави Биљал Касами.

Согласноста за работење од СВР Тетово според Општина Тетово е добиена уште од јуни.

 

 

Поврзани објави

Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Теми и интервјуа

Надир Мурсели: Планинарењето почнува и треба да заврши дома, да се вратиш здрав и жив

31/12/2022
Теми и интервјуа

Во Тетово ретко се почитува Законот за заштита од пушењето, се пуши и во болнички простории

18/12/2022
Теми и интервјуа

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа забележа 55 победи во 2022 година

12/12/2022
Теми и интервјуа

Пензионираниот доктор Џеки со мини-амбуланта во автомобилот, брзата интервенција спасува живот

04/12/2022
Следна објава

Глигорије Стојановски : На 20 август од граѓаните треба да добиеме потврда за нашите досегашни политики, но и „пас“ за нашата визија за модерно, европско Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.