• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Стојанчо Трипуновски: Бројните реализирани инфраструктурни проекти се потврда за нашата заложба за европско Тетово

16/08/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Kандидатот за советник на советничката листа на СДСМ и коалицијата Стојанчо Трипуновски во изјава за медиумите ги потенцираше заложбите за инфраструктурни проекти како дел од претходната локална власт. Тој најави дека во идниот совет ќе се залагаа за нови проекти.

-Преуредувањето на кејот на нашата Пена, каде истата доби свој препознатлив изглед и убавина со комплетното осветлување и кој тетовчани можат да го користат во слободното време за спорт и рекреација, е само еден од многуте проекти, кои ги реализиравме како дел од претходната локална власт. Пробивањето на булеварот Благоја Тоска, реконструкција на улицата Страшо Пинџур, решавањето на горливиот децениски проблем со реконструкцијата на улицата Гоце Делчев, до пробивањето на булеварот Видое Смилески Бато и реконструкција на главната улица во с. Сараќино, се само дел од инфраструктурните проекти, кои со помош на Владата, предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија беа реализирани за унапредување на локалната инфраструктура за граѓаните на Општина Тетово, посочи Трипуновски.

Тој потсети и на целосното реконструирање на патот Тетово-Попова Шапка, за што рече дека веќе ја покажуваат својата инфраструктурна придобивка, како за општината, така и за целата средина, правејќи ја подостапна за местата кои се поврзуваат.

-Важно е да се напомене и планираната реализација на повеќенаменското спортско игралиште во населеното место Сараќино, чие отпочнување на изградба ќе започне за скоро време и за кое веќе се обезбедени средства од Агенцијата за млади спорт. Како кандидат за советник од листата на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за Тетово“, можам со сигурност да кажам дека сите овие досегашни проекти, нè охрабруваат од вас да ја добиеме поддршката за овие вонредни локални избори, рече Трипуновски.

Кандидатот за советник ги повика граѓаните во сабота на 20 ти август да гласаат за подобро, модерно, европско Тетово.

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Анита Бошкоска Јованоска : Референдум за нашата иднина, избор за тоа во каков град сакаме да живееме

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.