• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Студенти од трите години по архитектура и дизајн се претставија со нивни модели и проекти

24/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Факултетот за современи науки и технологии при Универзитетот на Југоисточна Европа денеска организираше петта по ред изложба со дела на студенти по архитектура и дизајн. Се претставија 164 студенти од прва до трета година.

-Студентите од прва година денеска имаат прва изложба, со модели и графички дизајни и проекти што ги направија поедноставно на хартија. Потоа следуваат делата со значителен прогрес и развој во работата што студентите ја имаат направено во втората година. Веќе имаме комплетирани проекти, проектирани и во модели макети па и во компјутерски дизајн или дизајн со Аутокад за да продолжат идните семестри да развијат уште подобри модели во компјутерски дизајн. Студентите од трета година се понапредни, реално ние може да ги сметам како архитекти, по што веќе имаат подготвено и целосни досиеја на проекти како што би изгледале во нормални услови, изјави на отворањето  Адријан Бесими, проректор за наука при УЈИЕ.

Професорот по архитектура Бекир Адеми го прашавме колку студентите се запознаават со статиката на објектот, со оглед на актуелноста на земјотресите кои во Турција и Сирија одзедоа десетици илјади човечки животи, меѓу другото и поради неправилно изградените згради.

Тој образложи дека Градежно конструктивен проект или статика е предметот кој студентите го изучуваат но во архитектурата мора да се знае дека е само еден дел од поголем мозаик, литература со која стекнуваат знаења како до квалитетна градба со голема отпорност на земјотреси.

-За студентот многу е битно во тој процес на проектирање, на дизајнирање да речам, е да ја сфати логиката на конструкцијата на објектот. За таа конструкција, освен општи знаења, треба да има и за неговата пропорционалност, форма итн. Воедно тука се работи и за одговорност на на самиот инженер архитект, значи таа одговорност е пред се, во понатамошен негов развој како професионалец, рефлектира и во колективното дали било тоа колективно проектирање, градење и така натаму сето тоа е како како една целина, цел еден мозаик. И студентот кој понатаму ќе се развива во еден професионалец е дел од тој мозаик, изјави  професорот Бекир Адеми.

Студентите се претставија на слободна тема односно проекти за разни видови на објекти и конструкции.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Приведен за најдена дрога 26 годишник од Гургурница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.