Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите во текот на продолжениот празничен викенд, но и воопшто, да се воздржат од консумирање на алкохол доколку управуваат возила и да ја прилагодат брзината според условите на патот и присутната зголемена фреквенција по патиштата на тетовско-гостиварско подрачје.
Полициски службеници на СВР Тетово ноќеска (28/29 април) од 22 до 4 часот спровеле акциска контрола на возачите, дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол.При контрола откриени и санкционирани се 6 возачи(ТЕ-4 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол.
Сите се веднаш исклучени од сообраќај, изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои се движат од 225 до 275 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на нивната алкохолизираност.Покрај тоа, тие ќе се соочат и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.При контролата, исто така, санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-3).