• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово апелира за внимателност-за предизвикување пожар можни се затворски казни од шест месеци до осум години

27/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово информираше денеска дека презема координирани превентивни и други мерки, навреме да се пресретнат можните причини за пожари на отворен простор.

Ова, според СВР Тетово е затоа што поединци меѓу земјоделците при актуелните подготовки за претстојната пролетна сеидба повторно ги палат стрништата и сувата вегетација (трева, жбунови и слично) и потоа заминуваат од нивите и огновите ги оставаат без контрола.

-Секторот за внатрешни работи Тетово  уште еднаш апелира до земјоделците, но и до сите други граѓани да бидат докрај внимателни ако се движат или работат во полето и посебно да не палат огнови, кои брзо можат да се прошират, особено ако времето е ветровито, какво што впрочем беше изминатиот викенд. Зашто, во спротивно предизвикувачите на пожар на ваков начин ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни поднесоци и со можни затворски казни од 6 месеци до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Од полицијата велат дека во наредниот период ќе бидат засилени и планираните контролни активности на поширокото подрачје.

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Тетовското основно училиште „Кирил и Методиј“ ќе се реконструира со 77 илјади евра донација од Јапонија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.