• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 7 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

СВР Тетово : Казнети 17 возачи кои не дале предност на пешаци

23/06/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве со зголемен интензитет реализира бројни контролни активности за поголем ред и безбедност во сообраќајот, каде веќе се чувствува забележително зголемена динамика.

Вчера (22 јуни) од 10 до 14 часот спроведена е акциска контрола на возачи, дали и колку тие им даваат предност на пешаците, односно дали ги пропуштаат на обележани пешачки премини или на други начини. При контролата биле откриени и санкционирани 17 прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-1). Најголемиот број од нив се однесувале на непропуштање на обележани премини (15). На сите возачи-прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби кои за ваквите прекршоци се движат од 200 до 250 евра во денарска противвредност, а за некои од возачите ќе следува и мерка-времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.

Секторот за внатрешни работи Тетово со уште еден апел до возачите секогаш да внимаваат и да им даваат предност на пешаците, а пешаците да ги минуваат улиците таму каде што тоа е дозволено и да не се изложуваат на опасност поради непрописно движење да ги удри некое возило. Ова, дотолку повеќе што минатата година дури половина од човечките жртви во сообраќајните несреќи на поширокото тетовско подрачје биле токму пешаци.

Поврзани објави

Вести

Црвен картон за насилниците-трибина и проекција на филм по повод кампањата за борба против насилство врз жените и девојчињата

06/12/2023
Вести

Казни за 13 возила при контрола на техничка исправност – глоби од 50 до 400 евра

06/12/2023
Вести

Приведени двајца мажи за физички напади врз жени – во полициска станица завршиле и двајца кај кои е најдена дрога

06/12/2023
Вести

Изменет режим на сообраќај на патот Тетово-Гостивар

06/12/2023
Вести

Велјановски: Македонија го допре дното со оваа власт, граѓаните се фокусирани оваа коалиција на криминалот да не биде повеќе на власт

05/12/2023
Вести

Дијана Димчевска Наумоска денес ја прима новата терапија во Истанбул, и понатаму и се потребни донации за лекување

05/12/2023
Следна објава

Државниот завод за ревизија со неповолни извештаи за две од четири сметки на Општина Тетово за 2021 година

Tetovo, MK
четврток, декември 7, 2023
overcast clouds
6 ° c
87%
1.54mh
100%
4 c -3 c
пет
6 c -2 c
саб
7 c 2 c
нед
8 c 2 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!