СВР Тетово информира дека вчера (19 октомври) околу 14 часот и 10 минути, на локален пат што ја поврзува тетовската населба Дреновец со селото Ѓермо, во грмушка на земјен пат, полициски службеници на СВР Тетово пронашле ќесе во кое имало околу 10 килограми марихуана.
Извршен бил увид, а пронајдената марихуана била подигната за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (19 октомври) околу 9 часот и 10 минути на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово лишиле од слобода тројца малолетници на возраст од 16 и 17 години од тетовските села Бродец, Долна Лешница и Долно Палчиште, кај кои била пронајдна марихуана. Се расчистува и документира случајот и на трите малолетни лица ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.