• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово: Откриени технички неисправни товарни возила

22/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (21 септември) од 7 до 12 часот на поширокото полошко подрачје спроведоа акциска контрола на товарни возила, во која вкупно биле откриени и законски санкционирани 8 технички неисправни возила (ТЕ-3 и ГВ-5), информира СВР Тетово.

Седум од возилата имале неисправни сопирачки (ТЕ-3 и ГВ-4) и 1 (ГВ) неисправни светлосни уреди. Покрај ова, биле санкционирани и 6 (ТЕ) недостатоци кои се однесувале на товарот на возилата, како и 2 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Вчеравечер (21/22 септември) од 20 до 1 часот на ова подрачје спроведена е и контрола на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа откриени и санкционирани се 4 возачи (ТЕ-2 и ГВ-2) кои управувале под дејство на алкохол, кои веднаш биле исклучени од сообраќај и на кои времено им се одземени возачките дозволи. Во овие активности санкционирани се и 9 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-6 и ГВ-3), кои биле заокружени со адекватни поднесоци.

Вчера од 10 до 16 часот спроведена е контрола и на пешаците, во рамките на која биле откриени и санкционирани вкупно 44 прекршоци (ТЕ-19 и ГВ-25). Најголемиот број од прекршоците (40) се однесувале на преминување на улиците надвор од обележан пешачки премин (ТЕ-15 и ГВ-25), а 4 (ТЕ) на непочитување на светлосна сигнализација. Санкционирани, исто така, биле и 14 други видови прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-3).

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Полицијата со акциска контрола на возила за јавен превоз

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.