Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер (5 март) околу 22 часот и 10 минути го лишиле од слобода 39-годишниот Т.М. од тетовско село, кој бил пријавен од неговата 37-годишна сопруга дека физички ја нападнал и дека ѝ се заканил со остар предмет. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопшти денеска СВР Тетово.
Ноќеска (6 март ) во 3 часот и 30 минути, 36-годишната тетовка И.П. во СВР Тетово пријавила дека настанал пожар во нивната гаража на улица „Андреја Савески-Кикиш“ во Тетово каде било паркирано возило. Нема повредени во пожарот, а во текот на денот екипа од СВР Тетово ќе изврши увид.