Вчера (13 јуни) од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на мотоциклисти, дали и колку ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 16 прекршоци (ТЕ-11 и ГВ-5). Најголемиот број од прекршоците се однесувале на некористење на заштитни шлемови, односно кациги (ТЕ-8 и ГВ-5). Двајца непоседувале возачки дозволи, а еден имал истечена осигурителна полиса.
На сите возачи-прекршители изготвени им се адекватни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби, кои зависно од прекршокот се движат од 50 евра за неносење заштитна кацига, 200 евра за истечена полиса до 250 евра во денарска противвредност за управување без положен возачи испит и валидна дозвола за тоа.
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до мотоциклистите задолжително да користат заштитни кациги, да не седнуваат зад управувач без положен возачки испит и навреме да ги регистрираат нивните мотоцикли.Покрај тоа им се советува, исто така, да не возат пребрзо и да внимаваат на бучавоста, посебно во вечерните часови.