Денеска (23.10.2023) околу 15.30 часот од страна на полициски службеници од Надворешна канцеларија за криминални работи Гостивар и Оддление за криминалистичка полиција Тетово, а во склоп на оперативната акција „Жетва“ приведен е Д.Б. (24) од Гостивар, кој бил баран со потерница поради бегство од затвор Тетово. Д.Б. има за доиздржување 7 месеци и 7 денови и ќе биде вратен во затворот во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.