Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (17 ноември) околу 21 часот и 45 минути во тетовската населба Дреновец-Порој ги лишиле од слобода М.Р.(42) од тетовско Мерово, Б.С.(21) од Копачиндол и М.К.(30) од Тетово затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
Вчера (17 ноември) околу 14 часот и 30 минути во месноста „Бањиче“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот В.Е. од тетовски Требош затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. Се расчистува и документира случајот и против В.Е. ќе следуваат поднесоци.
Вчеравечер (17 ноември) околу 19 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 47-годишниот тетовец Д.Ј., кој десетина минути пред тоа бил пријавен од 61-годишниот Г.К. од Тетово дека во угостителскиот објект во кој работел Г.К., физички го нападнал. При приведувањето Д.Ј. се однесувал агресивно кон полициските службеници, по што бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Вчера (17 ноември) во 17 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека во дворот на тетовско средно училиште бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка на двајца малолетници од тетовските села Синичане и Селце, чии родители набргу се повикани, разговарано е со нив и ќе им бидат изготвени поднесоци по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.