На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (21 мај) од 14 до 19 часот била спроведена акциска контрола за брзина со која се движат возилата, а во која биле изречени вкупно 80 мерки (ТЕ-49 и ГВ-31).
Шеесет и една од мерките (ТЕ-30 и ГВ-31) се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Шест пречекорувања (ТЕ-4 и ГВ-2) биле за над 70 километри на час, 14 пречекорувања (ТЕ-7 и ГВ-7) од 50 до 70 километри на час и така натаму.
Покрај ова, санкционирани се и 19 (ТЕ) пречекорувања во населено место, како и 3 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, а пребрзите и со мерка-времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел да не се вози пребрзо, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје, каде и најчесто се случуваат најголемите пречекорувања, но и излетувања од коловоз и сообраќајни несреќи со најтешки последици