Полициски службеници на СВР Тетово вчера (3 октомври) од 14 до 19 часот спроведоа акциска контрола за престигнување во која вкупно биле откриени и санкционирани 71 возило, односно возач (ТЕ-29 и ГВ-42).
Најголемиот број од констатирани прекршоци 60 (ТЕ-28 и ГВ-32) се однесувале на престигнување на недозволени места, 8 (ТЕ-1 и ГВ-7) на престигнување во колона и така натаму. На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност, со напомена дека за некои од прекршоците предвидена е и заштитна мерка-времено одземањење на возачката дозвола од три месеци до една година.
Вчера, исто така, на поширокото полошко подрачје продолжија и редовните контролни активности, во чие средиште биле лицата кои ги управуваат нивните возила без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа. Во овие активности откриени и адекватно санкционирани биле вкупно 8 возачи (ТЕ-7 и ГВ-1) кои не поседувале возачки дозволи, на кои им се изготвени поднесоци и кои веднаш се исклучени од сообраќај. Покрај тоа ги очекуваат и парични глоби од 250 евра во денарска противвредност.