• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 29 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово: Во август 633 мерки за неприлагодена брзина

06/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На тетовските патишта и улици минатиот месец (август) полициските службеници на СВР Тетово изрекле вкупно 633 мерки за неприлагодена брзина според условите на патот, односно за пребрзо возење.

Најголемиот број од мерките се однесувале на пребрзо возење надвор од населено место и пред се на тетовскиот дел од автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Зависно од големината на пречекорувањето на брзината, на прекршителите им се изготвени законски предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 30 до 400 евра во денарска противредност.

-Вакви мерки ќе се преземаат и во наредниот период, дотолку повеќе што и во август  најчеста причина за близу половина од случените сообраќајните несреќи(33) била неприлагодената брзина. Она што охрабрува, меѓутоа е дека минатиот месец намален е вкупниот број несреќи за 5, а бројот на повредените лица речиси за 30. Во овој период, инаку регистрирани се две човечки жртви, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово овој месец уште повеќе ги интeнзивираше превентивните и контролните активности на поширокото тетовско подрачје, каде поради почетокот на новата учебна година се чувствува зголемена раздвиженост на градските улици, но и на околните регионални и локални патишта. Главни приоритети во септемвриските контроли ќе бидат брзината, техничката исправност на возилата кои вршат јавен превоз на патници и паркирањето во Тетово, а ќе продолжи да се санкционира и управувањето без возачки дозволи и под дејство на алкохол.

Поврзани објави

Инфо компас

Повик од Општина Брвеница граѓаните да платат данок на имот

28/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Следна објава

Во Белград вчера беше отворена изложбата на тетовската уметница Ивана Настески

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.