СВР Тетово информира за најдена дрога на три места, при што две лица се приведени.
Вчера (2 ноември) околу 9 часот и 15 минути, на улица „107“ во Тетово, во близина на тетовско средно училиште, полициски службеници на СВР Тетово пронашле ќесе со марихуана, кое претходно го фрлило машко лице. Марихуаната е фотодокументирана и подигната за вештачење и се расчистува случајот.
Вчеравечер (2 ноември) околу 22 часот, во тетовско Боговиње, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 21-годишниот Е.А. од тетовско Жеровјане затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што тој го управувал, му била пронајдена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчера (2 ноември) околу 13 часот, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово, го лишиле од слобода 21-годишниот А.К. од Тетово кај кого била пронајдена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и ќе му биде изготвен поднесок.