• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

СВР Тетово : Во февруари во 24 акциски контроли и редовни активности санкции за 1755 различни видови прекршоци

03/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Минатиот месец (февруари) полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во 24 локални, засилени акциски контроли и редовни активности вкупно откриле и законски санкционирале 1755 различни видови прекршоци.

Во февруарските контролни активности, а поради констатирани прекршоци, односно недостатоци, од сообраќај билe исклучени 46 возила, од кои 24 поради истечена регистрација до и над 30 дена, 19 поради утврдена техничка неисправност и 3 поради претовар.

Во овој период, исто така, од сообраќај биле исклучени и 237 возачи, од кои 135 управувале без возачка дозвола, 59 под дејство на алкохол, 21 возач-почетник кој не се придржувал на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 20 со важечка забрана за управување и 2 со несоодветна категорија.

Покрај тоа, во месецот за кој станува збор, времено биле одземени 6 возила со истечена регистрација повеќе од шест месеци, 95 возачки  и 29 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 372 непрописно паркирани возила, најмногу во централното  подрачје на Тетово.

Минатиот месец вкупно биле изречени 656 мерки за неприлагодена брзина според условите на патот, односно за пребрзо возење, 22 за недавање предност, односно првенство на пешаци, 33 за непрописно престигнување и друго.

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

СВР Тетово: Двајца приведени за најдена дрога и нападнат полицаец

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.