Соопштение на СВР Тетово 4 август 2024
На 04.07.2024 од 01 до 04 часот полициски службеници од СВР Тетово спровеле акциска контрола во ноќен клуб во тетовско Желино, со цел откривање на странски државјани со нерегулиран престој во подрачјето или злоупотреба на престојот. При тоа биле затекнати и приведени 18-странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и тоа: две од Србија, седум од Украина, 10 од Албанија, а приведено е и едно машко 46-годишно лице од Албанија, кои престојувале на подрачјето спротивно на целта, односно немале соодветна документација. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе следат соодветни поднесоци.
На 03.08.2024 во 21.15 часот во ПО Теарце С.Р. од тетовско пријавил дека околу 19.30 часот неговиот брат Д.Р. агресивно се однесувал кон него и му се заканувал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 03.08.2024 во 09.30 часот во ОВР- Гостивар С.Р.(63) од тетовско Доброште, пријавил дека од 30.07.2024 година од гостиварско Врапчиште се одалечила во непознат правец неговата сопруга М.Р.(59) од Доброште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.