Во октомври годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во 36 редовни и акциски контроли вкупно откриле и санкционирале 2370 различни видови неисправности, односно прекршоци или 1058 повеќе споредено со истиот минатогодишен период.
Во контролните активности, реализирани во минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 134 возила, од кои 42 поради истечена регистрација до и над 30 дена, 30 поради утврдена техничка неисправност, 2 нерегистрирани возила, 44 со непрописно вградени фолии, 2 со несреден товар и 14 поради претовар.
Во октомври, исто така, од сообраќај биле исклучени и 332 возачи, од кои 187 управувале без возачка дозвола, 87 под дејство на алкохол, 30 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 3 со несоодветна категорија и 13 со важечка забрана за управување и 2 останати.
Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 7 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци и 2 поради бучавост, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 521 непрописно паркирано возило, најмногу во централното подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фрекфренција на возила и пешаци. Во октомври годинава тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај изрекла вкупно 725 мерки за неприлагодена брзина според условите на патот, односно пребрзо возење, 91 за непрописно престигнување, 40 за недавање првенство на пешаци и други мерки