• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

СВР Тетово: За спречување диви трки 14 возила исклучени од сообраќај

26/07/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека продолжува со постапување согласно Проект планот на МВР ,,Безбедно лето-2023“ со засилени контролни активности за поголем ред и безбедност на сообраќајот во поширокиот Полошко подрачје.

-Спроведени се контролни активности за спречување на организирање на диви трки, така што во текот на изминативе денови во период од 22.00-03.00 часот, при вакви контроли, полициските службеници на СВР Тетово исклучиле 14 возила од сообраќај и истите биле упатени на вонреден технички преглед за проверка на техничката состојба и бучавост од кои кај 8 возила биле констатирани неисправности или преголема бучава. Исто така, биле констатирани и санкционирани 3 возила кои нагло ја зголемиле брзината со чкрипење на погонските тркала, нарушувајќи го јавниот ред и мир во доцните ноќни часови информира СВР Тетово.

Со оглед на тоа дека на наше подрачје видно е зголемена сообраќајната фреквенција, СВР-Тетово повторно апелира до возачите ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, по готово во касните ноќни часови и да овозможуваат нормален и проточен сообраќај и да не го нарушуваат јавниот ред и мир.

-Се апелира, исто така, да не возат пребрзо и да се воздржат од чкрипење на пневматиците и други ноќни лудории со возилата на кружни текови и слично, затоа што без исклучок ќе  бидат санкционирани сите нарушители за да се избегнат посериозни последици, информира СВР Тетово.

На сите возачи – прекршители веднаш се изготвени и законски предвидените поднесоци, а техничките неисправни возила биле исклучени од сообраќајот до отстранување на неисправноста.

 

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Во Општина Теарце отворена канцеларија за бесплатна правна помош

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!