• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Tетовската полиција со превентивно-едукативен проект „Превенција од тешки кражби“

19/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово од денеска започна со практична реализација на превентивно-едукативниот проект „Превенција од тешки кражби“, чиј носител е Отсекот за превенција, а кој на тетовско подрачје континуирано се спроведува веќе десетина години. Со проектот се планира да бидат опфатени вкупно 26 граѓански советодавни групи, односно урбани и месни заедници на подрачјето.

Целта на проектот е да се подигне свеста на граѓаните да соработуваат со полицијата во спречување на можните кражби и во откривање и санкционирање на извршителите

-Пред нивните жители, на посебни средби,  стручно обучени полициски службеници поблиску ќе информираат како најбрзо и најефикасно да ги превенираат кражбите, посебно за време на празници, семејни свечености, годишни одмори или при подолги отсуства на сопственицина на куќи, станови или деловни објекти. Со граѓаните, исто така, ќе бидат споделени искуства – како и што да прават доколку забележат сомнителни лица во близина на објектите, да не ги оставаат незаклучени вратите и подотворени прозорците, но и да не поставуваат на социјалните мрежи фотографии и информации дека моментно не се во домовите, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На оние кои имаат финансиски и други можности ќе им се советува да обезбедат и постават заштитна алармна или друг вид опрема, со цел најбрзо да се реагира при евентуален обид за провалување во објектите.

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Двајца мигранти од Авганистан приведени во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.