• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Таткото на Македон:  Добивме едно големо НИШТО од државата на денот кога Македон го доби третиот медал по математика на светско ниво

02/09/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Министерството за образование со ништо не помогна во овие изминати месеци за поддршка на математичкиот гениј Македон од Тетово, објави неговиот татко Владимир, преку социјалната мрежа Фејсбук. Откако пролетоска преку медиумите се дозна за Македон, тој имаше прием кај министерот за образование Јетон Шаќири.

Владимир увидел дека нема да добие баш никаква поддршка од оние чија работа е да направат се што е можно за уште поголем развој на неговиот син со 134 коефициент на интелигенција.

Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика замислите на светско ниво , порачува таткото преку социјалните мрежи.

-Денеска покрај медалот по математика добивме и голем пораз од државата. Имено пред неколку месеци кога Македон ги освои првите златни медали по математика бевме повикани во министерството за образование на прием кај министерот. Таму бевме дочекани со сите почести многу сликање, поклони, ранец и книги за Македон и најважното многу ветувања

-прво дека ке се среќаваме еднаш  месечно за да видиме како напредува Македон и на кој начин тоа да се артикулира-беше ветено од страна на министерот дека ќе  стапи во контакт со сите големи амбасади за да и они помогнат во процесот на едукација на Македон-дека ќе се формира комисија што ќе направи програма за надарени деца за да може во иднина да ги едуцира овие деца-Ни беше кажано дека има потенцијални спонзори кои сакаат да останат анонимни да финансираат неограничени средства во школуванњето на Македон.И уште многу други работи, порача таткото преку Фејсбук.

Таткото Владимир со месеци самиот се обидувал и ги барал во Министерството за образование но само видел дека е измамен.

-И сега после неколку месеци покрај многу повици од наша страна до истото тоа министерство, конечно ни кажуваат дека сето тоа било една голем фарса, и дека од сето тоа што го ветиле нема ништо. Ни кажаа дека амбасадите не можеле да ги контактираат на соодветно ниво туку во неформални контакти биле незаинтесирани, дека спонзорите одеднаш станаа незаинтересирани а државата не може да инвестира во ваков тип на образование. Со еден збор добивме едно големо НИШТО на денот кога Македон го доби третиот медал по математика на светско ниво. Што треба едно дете со таков коефициент на итенелигенција и со такви успеси да направи за да добие поддршка од државаат. За сега една голема нула, вели Владимир.

И претседателот Пендаровски имаше прием за Македон во мај, кога порача дека овие „Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата“, посочувајќи дека е неопходно институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција.

Македон беше на прием и кај градоначалникот Биљал Касами.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Недоволно количини вода за Тетово, исклучен дел од новиот водовод поради заматеност

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.