• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовчанец доби притвор-на скопската обиколница учествувал во сообраќајка па заминал од местото без да им укаже помош на повредените

11/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 43-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството соопшти дека на 7 март, осомничениот управувал товарно возило „Мерцедес“, по средната сообраќајна лента од автопатот Мајка Тереза, во близина на клучката Стенковец, не се придржувал кон прописите, го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.

Тој не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навреме да запре. Со предниот десен дел од возилото со кое управувал удрил во левиот страничен дел на товарно возило „МАН“ со кумановски регистарски ознаки кое било запрено на десната сообраќајна лента наменета за принудно запирање поради дефект.

По ударот, запреното возило се придвижило нанапред и удрило во телото на едно оштетено лице кое стоело меѓу кабината и товарниот сандак и изведувало механичарски работи над товарното возило „МАН“.

Од ударот оштетениот добил тешки телесни повреди и починал на лице место, а со телесни повреди се здобил и шоферот на запрениот камион и уште едно лице кое стоело во близина.

По несреќата, осомничениот веднаш го напуштил местото без да им укаже помош на повредените.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор спрема осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и вештаците или да го повтори делото, се вели во соопштението.

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Возеле под дејство на алкохол - 11 возачи ќе платат од 225 до 375 евра казни

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.