СВР Тетово во денешното соопштение информира за пријави за напади, приведени за насилства и најдена дрога
Дваесет и деветгодишен тетовец вчера (25 мај) во 20 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 13 часот во семејниот дом физички бил нападнат од мајката на неговата сопруга, на што му претходела нивна расправија. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Вчеравечер (25 мај ) во 19 часот и 40 минути полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 52-годишниот тетовец Ф.С. кој бил пријавен од неговата 20-годишна ќерка и малолетната сестра дека физички ги нападнал. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.
Ноќеска (26 мај) околу 1 часот и 45 минути полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 50-годишниот тетовец Р.Д., кој претходно бил пријавен од неговата 40-годишната сопруга дека се однесувал агресивно кон неа и дека и се заканувал. Р.Д. задржан е во Полициската станица Тетово и се расчистува случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (25 мај) околу 18 часот и 10 минути, на улица „176“ во Тетово, го лишиле од слобода 33-годишниот П.Р. од тетовско Слатино, затоа што кај него му биле пронајдени и одземени марихуана и нож. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок.
Вчера (25 мај) во 14 часот и 15 минути полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот С.М. од тетовско Горно Палчиште, кој еден час пред тоа бил пријавен од 73-годишниот тетовец Ш.Л. дека околу 11 часот и 30 минути на улица „Штипска“ во Тетово физички го нападнал. Се расчистува и документира случајот.