• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Тетовчанецот Вангел Неделковски на средовечна возраст започнал хоби-изработка на украсни предмети од метал

05/11/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Педесетина изработени украсни предмети од метал, камен и стиродур се резултат на тригодишното хоби коe дури на 54 годишна возраст почнал да го практикува тетовецот Вангел Неделковски.

Тој поради здравствен проблем, почнал да работи само половина работно време. Така имал нешто повеќе слободно време, па решил неколку часа во текот на денот да ги минува во креативна и практична работа.

Сега веќе 57 годишниот Вангел, вели дека од порано го интересирало како се создаваат рачно изработени редмети од метал и слични материјали па пред три години решил и самиот да проба. Како за се на денешницата и тој за ова почнал да пребарува на интернет за да дознае како да направи некој предмет од метал.

-Откако имав здравствен проблем, почнав скратено време да работам и ми остана нешто повеќе време. Металот, да речам некако ме привлекуваше од порано во смисол  да изработиш од ништо нешто. Употребувам метал, но и камен, стиродур, некои бои, во принцип се што е отпаден материјал да му дадам некој нов живот, ни раскажа Вангел кога го посетивме во неговиот дом.

Гаражно-подрумските простории во неговата куќа се местото каде тој ги поминува часовите со ова креативно хоби. Вели од порано имал неколку алатки како што има секое семејство, за да се поправи или направи нешто за дома. Потоа со тек на времето набавил уште некоја алатка.

-Јас имав сосема друга професија. Немам познавања и од некој занает, туку само голема желба за да направам нешто од металот и други материјали. Алати користев од почеток од она што имав дома, од татко ми што работел домашни работи. Потоа дополнително ако ми требаше нешто што се покажало како важно и корисно за работа, како некоја помала машинка или алат, си купував, вели Неделковски.

Изработките што ги прави претежно се во неговиот дом.  Се наоѓаат насекаде каде што има можност. Предметите се наоѓаат и го разбуваат неговиот двор, а се поставени и во собите и ходниците.

Дворот наликува на мини-музејска постановка со изработки на метални предмети, куќички, цркви, фонтани, но и реплики на познати македонски знаменитости и локалитети. Потоа разни фигури има поставено на скалите што водат од приземјето до првиот кат од куќата во која живее.

Секако и во внатрешноста на куќата ги има делата од неговото хоби, поставени на полиците во дневната соба, некои од нив се закачени на ѕидовите во собите и ходниците, дел од нив поради конфигурацијата се поставени на под или на некој елемент од мебелот.

– Инспирацијата ја црпам од секојдневието. Разни прилики, разни состојби ми даваат идеја што и како да направам. Секако го користам интернетот, од таму гледам за многу работи како да ги направам.  Поминувам по два-три часа во текот на денот, не смеам повеќе и да сакам поради здравствениот проблем мора да внимавам и да не се заморувам. Од друга страна ми помага да се фокусирам и да се се опуштам, на квалитетен и креативен начин ми помага да го поминам времето, ни вели Вангел.

Овие изработки ги прави претежно за дома, направил и неколку за подароци. Како бизнис идеја вели дека не размислил многу, но може да прави по неколку предмети кои би биле за продажба, внимавајќи и да не го загрози здравјето со премногу часови во работа.

Александар Самарџиев

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Теми и интервјуа

Александар поради цистична фиброза нема редовна настава, со планинарење се бори за подобар живот

04/02/2023
Вести

Жителите на Тетово бараат трајно решавање на проблемот со бездомните кучиња

18/01/2023
Теми и интервјуа

Евентуалната дислокација на објектите ќе предизвика хаос со игрите на среќа

02/01/2023
Следна објава

„Дијагноза“ изложба на фотографии на тетовскиот фотограф Драги Неделчевски во скопската галерија „Ко-Ра“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.