• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовчанецот Василиј Закоски на десет години е прворангиран тенисер до 12 години во цела Македонија

22/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иако е на 10 годишна возраст Василиј Закоски од Тетово е најдобар тенисер во категоријата на играчи јуниори до 12 години во цела Македонија. Тој вакви успеси во тенисот бележи и неколку години наназад, кога победувал на турнирите во категории на деца над неговата возраст со што може да се каже дека бил и државен првак до одредената возрасна граница.

-Првото место го освои на Отворенот првенство на Македонија (ОПМ) во Скопје што се одржа минатата недела во категорија на тенисери до 12 години и сега како првопласиран е повикан во репрезентацијата за настап во Турција на дводенелен меѓународен турнир и камп во март, информираат неговите родители.

Василиј кој е роден во април 2012 година во 2022 година бележи едно прво место на турнирите кои во рамки на ОПМ како и прво место на меѓународен тениски турнир Чери куп (Cherry cup)-момчиња до 11. На турнирите од Отвореното првенство лани бележи и две втори, две трети места како и едно трето место екипно.

Две први места бележи во 2021 година кога на 8 годишна возраст победил на турнирите каде се натпреваруваат деца до 11 години или Зелен тенис, како и прво место во двојки на интернационален тениски куп во Дубровник, Хрватска за деца под 11 години.

Воедно на осум години години има освоено и три трети места, од кои две трети места на турнирите од Отворено првенство за јуниори до 12 години како и едно трето место на турнир на отворените првенства за деца до 11 години (зелен тенис) и

Во 2020 година има освено едно трето на ОПМ -зелен тенис за деца до 11 год како и второ место на меѓународен тениски турнир Чери куп (Cherry cup) -момчиња до 10 години.

Во 2019 година кога има седум години Василиј успеа да освои прво место на ОПМ во портокалов тенис за деца до 10 год.

Тетовскиот тениски талент овој спорт почнал да го вежба од своја четиригодишна возраст. Сега е член на тенискиот клуб МТП од Скопје.

Василиј е ученик во петто одделение во ОУ „Братство-Миѓени“ во Тетово, а бележи и голем број први места и награди на општински, регионални, државни и меѓународно натпревари по математика.

 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовци за Турција и Сирија собраа над 46 илјади евра донации

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.