Соопштение на СВР Тетово 13 август 2024
На 12.08.2024 во 17.40 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници во ОВР Гостивар ги лишиле од слобода и привеле Ф.Т.(53) и Ќ.Т.(24), двајцата од с.Трново, гостиварско. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл кој го управувал Ќ.Т. и возилото „бмв“ со германски национални ознаки, кое го управувал А.И.(44) од Тетово со привремен престој во Сојузна Република Германија, физички ги нападнале А.И., неговата сопруга и неговата ќерка, а се обиделе да ги нападнат и со остар предмет, но биле спречени од полициски службеници. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.08.2024 во 13.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ц.(59) од Тетово, кој бил пријавен од неговата 54-годишна поранешна сопруга и нејзината 31-годишна внука дека физички ги нападнал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 12.08.2024 во 13.30 часот во СВР Тетово, 55-годишник од тетовско, со привремен престој во Италија, пријавил дека откако се се вратил извршил проверка на трансакциската сметка во банка и бил известен дека преку интернет трансакции му биле потрошени 690.000 денари од сметката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 12.08.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Иво Лола Рибар“ настанал пожар во паркирано патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на П.А. од Тетово. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од тетовската територијална противпожарна единица. Увид бил извршен.
На 12.08.2024 во 14.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во близина на наплата рампа Желино, настанал пожар на патничко возило „ауди а3“ со италијански национални ознаки во движење, управувано од Д.С.(59) од тетовски Требош, со привремен престој во Италија. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од тетовската територијална противпожарна единица. Увид извршила екипа од СВР Тетово.
На 13.08.2024 во 01.30 часот во СВР Тетово, С.В.(63) од Тетово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат Е.В.(66) од Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 12.08.2024 во 18.25 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(21) пријавил дека на улица „105“ во Тетово бил каснат од куче скитник