Регистарот на професионални онлајн медиуми е со цел да се прикажат оние онлајн медиуми кои ги исполнуваат облигаторните критериуми на Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ).
Критериумите се поделени на два дела, тоа се облигаторни и необлигаторни за да се биде дел од овој регистар.
На сајтот www.promedia.mk се наведени професионалните онлајн медиуми кои ги исполнуваат облигаторните критериуми (минимум стандарди кои е потребно да ги исполнуваат со цел да бидат дел од регистарот).