• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 10 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

„Тетово сака парк“: Градоначалникот сака апсолутна власт во урбанизмот! Дали е време урбанизмот поради јавен интерес да се одземе од надлежност на општините?

02/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ преку соопштение реагира на ставовите на градоначалникот Биљал Касами искажани околу децентрализацијата во областа на урбанизмот.

Соопштението во целост:

-Дури и предвидената минимална и недоволна гаранција за законитост на урбанистичките планови спорна за Општина Тетово.

Откако под надлежност на општината, а од страна на архитекти урбанисти кои се носители на овластување за изработка на урбанистички планови коишто општината ќе ги избере и ќе бидат изработени нацрт и предлог план во пропишаната постапка согласно член 27 од законот, Министерството како учесник во процесот на донесувањето на планот единствено утврдува дали дава согласност за веќе изработениот предлог план.

Според член 51 став (2) со согласноста од страна на Министерството се потврдува дека планот е изработен во согласност со законот за урбанистичко планирање и прописите донесени врз основа на тој закон, а особено дали планот ги содржи сите пропишани делови и прилози и дали постапката за неговото донесување е во согласност со овој закон. Тоа значи дека Министерството за транспорт и врски не го изработува планот туку ја утврдува исправноста на предлог планот изработен и дефиниран под надлежност на општината.

Постапката за донесување на еден урбанистички план започнува со одобрување на планската програма на урбанистичкиот план од страна на надлежниот градоначалник на општина. Завршува со гласање на советот на општината. Министерството е само филтер којшто општината мора да го помине за да се утврди законитоста на постапката.

Организирањето на градовите и општините и носењето на плановите се секако чиста локална општинска надлежност.

Прашуваме:- Зошто би пречело да се утвди законитоста на еден детален урбанистички план кога тој би бил изработен согласно прописите од урбанистичката легислатива, со визии и стратегии коишто му носат бенефит на градот? – Како да се заштити јавниот интерес кога во општина Тетово се гради и надвор од предвиденото во урбанистичките планови?- Дали е време урбанизмот поради јавен интерес да се одземе од надлежност на општините?,  се вели во соопштениеот на „Тетово сака парк“.

Градоначалникот Биљал Касами рече дека во ситуацијата во која се наоѓаат општините немаат доволни можности за да им излезат во пресрет на граѓаните и затоа се смета дека е потребно да се зголеми динамиката на децентрализација.

-Еден од главните проблеми на општина Тетово е тој урбан хаос во кој се наоѓаме. За мене е несфатливо особено ДУП да одат на усвојување во Министерството за транспорт, разбирливо е да ГУП и Просторниот план кои се и национален интерес да бидат изменаџирани со централна власт во делот на Министерството за транспорт но кога работиме и разговараме за внатре организирање на градовите на општините, тоа би било да биде чиста локална општинска надлежност, изјави Касами пред два дена.

 

 

Поврзани објави

Вести

Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиноски со отчет за работата во 2023 година

09/12/2023
Вести

Форум на жени СДСМ Тетово со активност по повод кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“

09/12/2023
Вести

Потпишан договор-Клиничка болница Тетово ќе се реконструира со донација на компанијата Еколог

09/12/2023
Вести

Втора акција на Далибор од Тетово-донираше кревети за семејството Николовски од Секулица, Кратовско

08/12/2023
Вести

Од 8 до 14 часот изречени вкупно 204 казни за брзо возење на тетовско-гостиварското подрачје

08/12/2023
Вести

ООУ „Лирија“ со активности по повод празникот посветен на Свети Климент Охридски

08/12/2023
Следна објава

Се промовираше монографијата 30 години Здружение на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово

Tetovo, MK
недела, декември 10, 2023
few clouds
2 ° c
60%
1.43mh
24%
9 c 3 c
пон
13 c 4 c
вто
11 c 6 c
сре
14 c 7 c
чет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!