• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Тетово сака парк“ со реакција до градоначалникот Касами- Со месеци единствениот изговор е дека има волја, а нема пари – за денеска проблем да биде локацијата

11/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ реагираше на прозивката на градоначалникот Биљал Касами и го потсетија на потребата од парк како јавен интерес и неисполнување на ветувањето за средба на стручни лица за оваа идеја.

Касами на прес-конференција денеска посочи дека би направил парк на местото од касарната,а за тоа побара поддршка од иницијативата „Тетово сака парк“.

-Тетово сака парк“ смета дека задоволувањето на потребата од градски парк во Тетово е од јавен интерес, исто како што е и безбедноста, која е условена од постоење на касарната ,,Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово.   Од друга страна му предочуваме на градоначалникот дека зградите кои се планирани за потегот ШИК „Јелак“- „Монопол“ – Спортски центар, на последниот неизграден и доминантно државен простор се исклучиво во приватен интерес, сосема штетен по јавниот интерес. Во приликава го потсетуваме градоначалникот дека и по половина година сѐ уште чекаме на исполнување на неговото ветување за средба на стручно ниво помеѓу нашите стручни лица и службата на Општината, на која би се зборувало за начините на реализација на нашиот предлог. Недозволиво е губење време и манипулации, со месеци единствениот изговор е дека има волја, а нема пари – за денеска да не бидат проблем парите туку локацијата. Провидно и површно, соопштија од „Тетово сака парк“.

Градоначалникот побара централната власт ја доделии касарната на општината со цел да површината да ја направи парк, а од иницјативата „Тетово сака парк“ побара поддршка бидејќи, како што рече, дел од нив се функционери на актуелната власт.

 ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

На експерименталните часови по наука во ООУ „Лирија“-Тетово гостуваше заменик министерката за животна средина учениците го прошируваат нивниот светоглед

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.