• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 1 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Тетово сака парк“ : Зелени простори кои се дел и од предложената локација зјаат празни, а Општината не се ни обиде да ги уреди и подобри

30/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“, која од февруари годинава активно се бори за воспоставување на прв градски парк во Тетово, денеска испрати две отворени писма до евроамбасадорот Дејвид Гир и второто до градоналникот Билал Касами и до членовите на советот.

До градоначалникот и советниците порачуваа дека иако се изморени од изговори, популизам и избегнувања, како граѓани освен на нивната надеж немаат на што друго да се потпрат кога во прашање е реализацијата на идејата.

Тие велат дека изминатата година ја покренале иницијативата „Тетово сака парк“, при што аргументирано и континуирано се залагале  разумот да преовлада, да бидат слушнати аргументите, да се приближат со општината до решението и да започне некој нов позитивен период во развојот на градот.

-Се судривме со изговори и популизам, со напади, но и со предизборна поддршка и гласни аплаузи, сѐ додека постоизборниот период не нѐ вратеше во суровата реалност. Суровата реалност вели дека живееме во апсурди, додека луѓето се иселуваат, градот се гради како никогаш до сега по обем, по катност и во секое маало, неплански, без долгорочна визија, туку единствено согласно интересите на тешкашите од бизнисот со изградба на згради. Додека Општината мафташе со суспензија на најштетниот детален урбанистички план, на исто место никнува висококатница, небаре ние немаме очи, ниту минимум човечка интелегенција. Широки градски зелени простори кои се дел и од предложената локација зјаат празни, а Општината не се ни обиде да ги уреди и подобри. Избегнувањето на средби, барањето на изговори, игнорирањето на позитивните искуства на другите градови ширум државата, оставаат горко чувство на постоење на јаз помеѓу луѓето и Општината, јаз во кој Општината ужива и го негува, се вели во писмото.

Понатаму упатуваат серија на прашања за иднината на Тетово.

„Прашуваме кој треба да биде загрижен за Тетово? Вака може да се продолжи, но прашање е кој ќе ја плати цената за тоа. На избори излезеноста е под 30 %, градот е празен, јавниот простор уништен, чистотата намалена, градењето е непланско, недозволено и штетно, вклученоста на граѓаните е непостоечка, Тетово 30 години не стагнира, туку тоне, во споредба со другите градови, кои годинава промовираа пешачки патеки, трим стази, велосипедски стази, сцени на отворено, нови паркови, иако имаат веќе прекрасни градски паркови. Доколку се уништат сите градски населби, доколку се изградат насекаде згради, а урбаната мафија го голтне и последниот јавен неискористен простор погоден за градско зеленило, што ќе остане од градот?“, се вели во писмото до градоначалникот.

Во писмото до евроамбасадорот Дејвид Гир  иницијативата бара неговата безрезервна поддршка, во рамки на дипломатски напори и активности, за да зајакне свесноста на надлежните за потребата од задоволување на потребата на граѓаните од градски парк, како и за обезбедувањето на здрава животна средина.

ас

Поврзани објави

Вести

Во храмот Свети Атанасиј на Кале црковно ѕвоно се носи само за празници како превенција од кражба

01/02/2023
Вести

Глоби од 30 до 50 евра за пешаци за преминување на улиците надвор од обележан премин

01/02/2023
Вести

Сè уште нема спогодби и исплата на надоместок на штета за граѓани повредени од бездомни кучиња

01/02/2023
Вести

Уште една година е рокот за промена на регистарски таблички со ознаката НМК (NMK)

01/02/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи на 1 февруари

31/01/2023
Вести

Завршува можноста за санитарен лов во националниот парк Шар Планина, нема појава на африканска чума кај застреланите диви свињи

31/01/2023
Следна објава
Бадникарска литија во 2020

Повторно се организира Бадникарска поворка со изведба на песната Вечниот Бог

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.