• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

„Тетово транспорт“ почна да објавува фотографии од неправилно паркираните возила кои ги блокираат автобуските постојки

06/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со цел да го спречи несовесното однесување на возачите кои паркираат на местата за градскиот автобуски превоз, претријатието „Тетово транспорт“ одлучи да објавува фотографии од неправилно паркираните возила.

Од таму ја оправдуваат одлуката и со тоа дека доцнењето на автобусите не е заради невнимание или негрижа на нивните возачи, туку поради пaркираните возила кои упорно го блокираат сообраќајот низ Тетово.

Воедно велат дека полиција помага но нема поголемо влијание. Фотографиите се објавуваат на профилот кое претријатието го има на социјалната мрежа Фејсбук.

-Иако подолг период упорно апелираме до сите учесници во сообраќајот да внимаваат каде се паркираат, од тоа нема никаков ефект.  Сите постојки се редовно блокирани од несовесни возачи кои мислат дека на автубоските постројки можат да се паркираат кога сакаат. СВР Тетово имаше обиди за контрола, но и од тоа немаше некој посебен ефект. Затоа, од денеска, ЈП „Тетово Транспорт“ ќе објавува фотографии со моменталната состојба на постојките низ Тетово. Сите возила ќе бидат објавени со регистерски таблички. Ова е опомена до сите активни учесници во сообраќајот. Бидете одговорни учесници во сообраќајот, порачаа од ЈП „Тетово Транспорт“.

Во тетовската полиција велат дека редовно се обидуваат да го санкционираат неправилното паркирање. Според нивната евиденција за деветте месеци во 2022 од јануари до септември вкупно 2792 непрописно паркирани возила биле подигнати од местата со специјалното возило од „пајак-службата“.

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Тешко повредена 68 годишна жена-пешак во сообраќајна незгода на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.