• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската библиотека во 2022 набави 710 нови наслови, сега вкупно има 33.539 наслови

17/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Библиотеката „Кочо Рацин“ од Тетово 2022 година ја заврши со набавка на 710 нови наслови или 1529 нови книги. Од вкупниот број книги 1302 се купени а 227 подарени од читатели или добиени од Министерство за култура. Сега оваа установа како вкупен број на наслови кои можат да се зајмуваат има 33.359 наслови.

-Вкупниот број на книги (монографски публикации) кои се евидентирани во нашите инвентарни книги е 141.303. Сепак, дел од овие се сместени во магацински простор во пакети, дел се отпишани, така да бројот на книги кои се евидентирани во програмот и можат да се зајмуваат изнесува 33539 наслови, односно 84857 примероци, информираше Елизабета Трпчевска Петрушевска, советник-библиотекар во установата.

Најголемиот дел од новите книги ги набавиле со финансиска поддршка од Министерството за култура.

– Се надеваме дека во голем дел успеавме да ги задоволиме интересите на читателите за нови наслови и да набавиме книги од различни жанрови и на различни јазици. Министерството за култура и оваа година финансиски ќе го поддржи збогатувањето на книжниот фонд со нови книги. Најчитана книга на македонски јазик, превод од странски автор е книгата „Италијанската девојка“ од Лусинда Рајли, а најчитана книга на македонски јазик од македонски автор е „Страст, предавства и оние два збора“ од Маја Божиновска, инфомираше Елизабета Трпчевска Петрушевска.

Од библиотеката велат дека ги очекуваат читателите со предлози за нови наслови кои би сакале да ги има во фондот.

-Со цел да ги задоволиме интересите и вкусовите за нови наслови ги покануваме сите кои се заинтересирани своите предлози за нови наслови да ги испратат на нашата е-адреса: zajmuvanjekrte@yahoo.com, а ние ќе се обидеме истите да ги набавиме. Како и до сега новите наслови НУ библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово ќе ги објави на својата ФБ страна. Со оглед на тоа дека Библиотеката работи во сегментот на автоматизирано зајмување, податоците за достапност на новите наслови се видливи во нашиот онлајн каталог, порачаа од библиотеката.

Во изминатата 2022 година реализирани се повеќе проекти од кои голем дел се финансиски поддржани од Министерството за култура.

-Одбележани се 23-ти Април Светскиот ден на книгата, Дигитализација на библиотенчен материјал од одделот Роднокрајно, Обука на библиотекари, Клуб на читатели-пензионери, Проект „Запознај ја библиотеката“, Проект „Сакам тато да ми чита“, Проект „Читаме за нашата душа“ и прогласување на читатели-рекордери за 2022. Библиотеката исто така реализираше и други проекти со сопствено финасирање како „Запознај ја библиотеката“ -посета и запознавање на децата во градинките во Тетово со Библиотеката и нејзината активност , „Другаруваме со книгата“ заедно со активисти од Црвен крст, мини саем на книги пред просториите на библиотеката, соработка со библиотекарите од основните и средни училишта во Тетово и околината и др, соопштија од установата.

Исто така за тековната 2023 година Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“-Тетово има одобрено повеќе проекти кои ќе бидат финансиски поддржани од Министерство за култура. Дел од средствата се за веќе познатите проекти, а нови се „Запознај ја библиотеката“, „Тркалезан маса со роднокрајни писателите од Тетово и Тетовско“, „Различни извори на учењето“, „Криза на читањето-како да се ослободиме од оваа појава (средби и дискусии со ученици од средни училишта) и проектот „Кажи ми како се прават работите без телефон“.

Бројот на активни читатели во период до 31 декември 2022 изнесува 5235.

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Повреден 75 годишник поради каснување од куче скитник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.