• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската оперска пејачка Ивона Нацевска ќе одржи солистички концерт во Националната опера и балет

Младата тетовска оперска пејачка Ивона Нацевска ќе одржи солистичи концерт на 22 ноември во Национална опера и балет“ во Скопје со почеток во 20 часот.

07/11/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Младата тетовска оперска пејачка Ивона Нацевска ќе одржи солистичи концерт на 22 ноември во Национална опера и балет“ во Скопје со почеток во 20 часот. Ќе биде придружувана на пијано од Андреј Наунов како и од колегите оперските пејачи, тенорот Влатко Груевски, мецосопранот Мартина Аврамоска и сопранот Биљана Дабеска.

Ивона Нацевска е млада оперска пејачка, уметник, што својот талент,посветеност и љубов кон музиката ги покажува од рано детство. На своја 5 годишна возраст станува член на детскиот хор „Лале“ во Тетово, подоцна и во ГЖМХ „Менада“.

Низ нејзиното музичко образование таа зема учества на концерти и многубројни натпревари во Македонија, Србија и Бугарија.

Нацевска е родена на 12 март 1999 во Тетово и уште од најрана возраст започнува да ја изучува сериозната музика, најпрво како пијанист, посетувајќо го нејзиното нижо музичко училиште во градот, а подоцна како вокален изведувач, поттикната од големите оперски изведувачи.

Водена од забава и љубопитност посетувајќи го детскиот хор „Лале“, Ивона со големо нетрпение и радост влегува во светот на  музиката.

Дипломирањето на Ивона на Факултетот за музичка уметност во Скопје, е проследено со нејзин солистички концерт во фоајето на Национална опера и балет.

Во текот на изминативе години Ивона има остварено награди на меѓународни и државни натпревари.

 

Концерти посветени на руската романска во Софија (Бугарија), оперски гала концерт „Коста Трпков“, концерт на „Живеј со музика“, „Креативни точки“ – 2017, „Креативни точки“ – 2019, „My Way“ – 70 години на маестро Ивица Зориќ, се само дел од настаните на кои Нацевска има оставено свој белег, и кој упорно чекори и тежнее кон поголеми музички остварувања.

Ивона Нацевска моментално е вработена во НУ Национална опера и балет.

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Загребскиот театар ЗамКА гостува во Тетово со урнебесната комедија „Повеќе среќа, следниот пат“ (Više sreće drugi put)

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.