• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово вчера  започна со практична имплементација на нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“, чиј носител е Отсекот за превенција.

Во текот на вчерашниот, прв ден од реализацијата на овој проект биле опфатени 70-тина деца од две детски градинки во Тетово и тетовско Џепчиште. Инаку, со проектот кој се планира да трае до крајот на јуни годинава вкупно се планира да се опфатат над триесет градинки и други детски установи на тетовско-гостиварското подрачје.

-Најмладите, децата, стручно обучени полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај непосредно ги запознаваат со основните сообраќајни поими, знаци и правила-како најбезбедно да се движат, што претставуваат семафорите и како и каде да ги преминуваат улиците кога се сами без нивните родители или најблиски. Покрај ова, на децата практично им се демонстрира и безбедно преминување на улица, за што се користат и посебни наменски реквизити и друга адекватна опрема.  Целта на овој превентивно-едукативен проект е подигнување на сообраќајната свест и култура на децата уште од најмали нозе, во функција на нивна поголема безбедност како пешаци-учесници во сообраќајот или како сопатници во возилата, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

На децата им се делат и посебни брошури „Правила за малите пешаци“ изработени на македонски и албански јазик.  Вакви и слични превентивни активности планирани се во наредните месеци и со основците од тетовските и гостиварските училишта

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!