• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската пожарна ќе има три подстаници во руралните општини

28/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Советот на Општина Тетово на денешната 14-та седница усвои предлог заклучок за усвојување на студија за основање на под-станици на Територијалната противпожарна единица. Со ова во иднина тетовската пожарна ќе добие објекти во руралните места кои ќе функционираат како подстаници од каде ќе тргнуваат пожарникари за интервенции.

-Едната подстаница ќе се формира со општините Теарце и Јегуновце. Втората е за Брвеница и Боговоиње заедно и третата ќе биде во Желино. Ова се прави за да пожарникарите што се во Тетово да се поделат во овие три рурални општини, нивната работа да биде поефикасна, за да можат да ги спречат што е можно повеќе непријатности поради пожари и други непогоди и несреќи, изјави Бесар Дурмиши претседател на тетовскиот Совет.

Сепак нема да има нови вработувања на пожарникари, а ќе има распределување во подстаниците. Според Дурмиши во моментот има над 100 пожарникари, од кои 85 се вработените на неопределно време.

-Нема да има нови вработувања. Постојните вработени пожарникари ќе се преселат и распределат. Има 85 на неопределено време вработени пожарникари и 15-20 со договор на дело. Со ова и другите општини се обврзани и задолжени да даваат плата за пожарникарите, рече Дурмиши.

На денешната седница беше одлучено Тетово да се збратими со Општина Бахчелиевлер, инаку дел од градот Истанбул.

ас

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Тешко повредена сопатничка откако возило излетало од пат и удри во столб на патот од Јажинце до Рогачево

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!