• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската публика се соживеа со ликовите од комедијата „Вај-фај“

10/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Комедијата „Вај-фај“ која ја изведоа актерите од Драмското студио Тетово беше прилика за повеќе од еден час постојано да се смее публиката дојдена на претставата.

Причина за смеа беа недоразбирањата и дијалозите на ликовите на Петре и Натка, шофер и домаќинка кои ги толкуваа Наташа Петровска и Лазар Саровски, со Санко и Јана кои се инженер и професорка, а ги играа Драгана Радованов и Глигорије Стојановски-а беа на тема нивните деца во Америка каде се венчале и планираат заеднички живот.

– Претставите се прават за публиката, а полна беше салата, задоволни сме од одзивот, од тоа како се однесуваше публиката за време на претставата. Се соживеа со ликовите кои ги толкуваа нашите актери и во најубаво сеќавање ќе им остана на нашите сограѓани и публика од други места. Ова беше комедија со тажни елементи, поради она што повеќето од нас што не засега децата што ни заминуваат во странство, остануваат тука старите луѓе и комуницираат со младите со „вај-фај“ со современата технологија. Можеби тоа го ублажува оној момент, затоа што отсекогаш постоело печалбарството кај Македонците, меѓутоа чекале со месеци да добијат абер што се случува со нивните и сега е можеби олеснителна околност е современата технологија. Меѓутоа тешко на тие родители што се децата не им се тука, изјави режисерот Мирко Видоески.

Глигорије Стојановски рече дека како актери имаат привилегија што играат пред една ваква публика.

– Верувам дека вечерва се изненадија пријатно од изведбата на претставата „Вај-фај“. Внесовме малку и наши лични приказни и мислам дека уште повеќе допревме до нивниот вкус. Се надевам дека и понатаму ќе продолжиме да работиме вакви претстави. Текстот и во иднина ќе биде актуелен.

– Посебно сум среќна и задоволна, затоа што публиката едноставно уживаше. Најмногу што е потребно на оваа тетовска публика е само смеењето. И задоволни да одат дома, истакна актерката Наташа Петровска.

Ова беше втора премиера на Драмско студио Тетово. Првата претстава монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“ која беше изведена во март, ќе се постави и во Скопје, на први јуни во Драмски театар.

ас

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Следна објава

Тетовски основци оставиле список со ученици и закани до нив, случајот пријавен во полиција

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!