• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовската вокалистка Наташа Миха со нов сингл „Мерлин Монро“

04/11/2022
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

„Мерлин Монро“ е насловот на новиот сингл на Наташа Миха, објавен на 3-ти ноември, заедно со видео запис, со кој го најавува својот нов албум, кој ќе биде издаден на 21-ви декември.

 

„Мерлин Монро е песна која ги отсликува сите оние храбри индивидуи кои не се плашат да се тотално различни и свои, кои уживаат во животот и зрачат со самодоверба.“

Музиката и текстот за „Мерлин Монро“ се комплетна творба на Наташа, а аранжманот е заедничо дело на Наташа и Дамир Пух.

Песната е снимена во GreenRoom Sound студио во Скопје, а Дамир се потпишува и за изработување на миксот и мастерингот.

Видео записот е дело на Ѓорѓи Вацев. Во спотот, како модел се појавува Калтрина Круезиу, на која совршено и прилега улогата на Мерлин Монро.  Сет фотографиите се дело на Бојан Стоилковски.

За шминката се погрижи Зоран Шурбевски, заедно со своите асистенти Стефан Кековски и Ангела Маневска.

Наташа е академски музичар, која својата соло кариера ја има започнато во 2020-та со објава на „Кругот“ и „Пеперутка“, по која следеа „Те сонив“, „Се што знам“ и „Winning Every Game“.

Наташа Миха е фронтмен и клавијатурист на бендот “Station: Innermost” со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ како и неколку синглови, има остварено соработка со врвни музичари како клавијатуристот Дерек Шеринијан (ex-Dream Theater, Billy Idol, Allice Cooper…). Со бендот има настапувано на фестивали во и надвор од државата, а има настапувано и како предгрупа на Deep Purple.“

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Тетовската каратистка Катја Апостоловска освои бронзен медал на Балканско првенство во Црна Гора

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.