Тетовски Театар ќе ја репризира претставата „Тартиф“ на 25 и 26 октомври во Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово со почеток во 20 часот.
Билети ќе најдете во билетарата на театарот, секој ден од 11:00 часот. Цена на билет: 200 ден!
За ученици, студенти и пензионери 100 ден! За лица со попреченост, ВЛЕЗОТ Е БЕЗПЛАТНО!
„Тартиф”, според Молиер, режија и адаптација : Андреј Цветановски
Сценограф: Сергеј Светозарев
Костими: Медина Хоџа
Музика: Димитар Андоновски
Играат:
Тартиф – Ѓорѓи Нешкоски
Оргон – Петрит Незири
Елмира – Миа Кантарџиева – Петровска
Дорина – Марија Цветановска
Дамис – Марко Богдановски
Клеант – Арѓенд Хасани
Маријана – Ирена Мирческа
Валер – Абдула Османи
Пернел – Берат Салиу
Лојал – Шкумбин Зеќири
▪️Силните луѓе создаваат мирни времиња. Мирните времиња создаваат слаби луѓе. Слабите луѓе создаваат тешки времиња. Тешките времиња создааваат силни луѓе.
▪️И така се во круг. Низ оваа максима се обидовме да ја погледнеме вечната тема на најголемиот лицемер во класичната драматургија, Тартиф. Но дали е тој лицемерот или луѓето кои зависат од неговата способност? Низ силна и емотивни ситуации се случува трилер претстава која се заснова на замрсените односи на една фамилија, и нивната постојана опсесија за богатство. Низ сите тие ликови и нивните завери ја осовременивме и донесовме во денешни услови приказната распадот на фамилијата, а со тоа и на системот. Дали компанијата беше во постојан пад и пред да се појави Тартиф? Дали корените на фамилија Пернел се распаѓаат од мирните времиња во кои живее новата аристократија?