• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовскиот алпинист Надир Мурсели сам замина во Турција, помага на други екипи во градот Кахраманмараш

10/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовскиот алпинист и спасител Надир Мурсели кој сам тргна да помага во спасување во подрачјата погодени од земјотресот во Турција, од вчера е во Кахраманмараш, каде работи со екипи од други држави. Тој вчера и денес им помага на екипа за спасување од урнатини од Босна и Херцеговина како и спасители од Киргистан.

Мурсели сам тргна од Тетово со автобус до Истанбул каде негова внука и зет се ангажирале да продолжи кон градовите погодени од земјотресот.  До Адана заминал со авион, а од таму со други тимови на спасувачи со автобус од Адана четири часа патувале до Кахраманмараш.

-Ситуацијата е лоша тука, за жал, има многу загинати. Токму денес со екипата од Киргистан извадивме еден мртов човек, а внатре може има уште 20 мртви.  Голема е радоста кога ќе се слушне глас од урнатините, сите имаме надеж да најдеме жив човек. Сè на се жална е сликата, голема несреќа, изјави Надир Мурсели за МИА.

Тетовскиот алпинист течно зборува турски јазик па на екипата од Босна и Херцеговина освен во пребарувањето урнатини им помогнал и со преведување.

-Денеска им се повреди кучето Тора на екипата од Босна и Херцеговина, па им преведов малку околу лекови. Ме прашаа како сум дојден, па ми рекоа да останам со нив за да им преведувам. Кучето Тора е чудо, хероина.  Луѓето тука знаат од прилика каде се останатите во урнатините, кој преживеал. Се бори турскиот народ, помагаат и работат, многу се благодарни за помошта од надвор што им стига, се гледа тоа. Даваат се од себе, а и ние затоа сме сите дојдени тука, вели Надир.

Во Кахраманмараш сите спасувачи се сместени во шатори во камп. Таму се сретнал со екипите на АРМ, за кои вели дека со кучињата трагачи вршат голема работа. Според Надир температурите навечер паѓаат под нулата и е поприлично студено. Земјотреси сè уште се чувствуваат.

Во ноември 2022 година под Титов врв, Надир заедно со директорот на Националниот парк Шар Планина Ибрахим Дехари учествуваа во спасување на планинари и повреден полицаец, а бил дел од многи други акции за спасување но и за извлекување на загинати луѓе.

45 годишниот тетовчанец заедно со Дехари од министерот за внатрешни работи доби благодарница за спасувачката акција на Шар Планина.

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Општина Брвеница со последен повик за плаќање на данок на имот и комунална такса пред присилна наплата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.