Тетовскиот атлетичар Агрон Хајредини освои златен медал во скок во далечина од место на Светските олимписки игри за лица со попреченост што се одржуваат во Берлин, Германија. За успехот е заслужен уште еден тетовчанец, неговиот тренер Ифраим Љута.
Во женска конкуренција Јулијана Петровска беше втора и освои сребрен медал. Исто така нејзин тренер е Ифраим Љута.
Тетовскиот атлетичар го очекува и настап на трката на 50 метри.