Награда Голем позлатен медал (Large Vermeil) на Светска филателистичка изложба во Џакарата, Индонезија во текот на август доби тетовскиот филателист Бранислав Светозаревиќ-Покорни за книгата „Поштенска историја на Македонија од 1843 од 2010-поштенски жигови“. Книгата е издадена во 2018 година и веќе има три вакви награди на светски филателистички изложби.
-Оваа е трета награда за книгата “Поштенска историја на Македонија од 1843 од 2010-поштенски жигови“. Прва позлатен медал добив на филателистичката изложба во Вухан, Кина во јуни 2019 година, додека голем позлатен медал во Лондон, март 2022. За наградата од Лондон ми е големо задоволство бидејќи се прави филателистичка изложба еднаш во десет години и претставува неформална филателистичка олимпијада, вели авторот Бранислав Светозаревиќ-Покорни.
Книгата „Поштенска историја на Македонија од 1843 од 2010-поштенски жигови“ има 1.600 фотографии на жигови од 1843 до 1970 година кога се стандардизирани како поштенски елементи.
-Книгата е плод на сопствената филателистичка збирка, колекции на други колеги , како и друг вид архивски материјал собиран од 1991 година до 2018 година или 27 години, потсетува авторот.
Бранислав Светозаревиќ Покорни е роден 1966 година, а научно истражувачката дејност ја врши во областите на историјата, архивистиката, музеологијата и културата. Автор е на 13 книги.
ас