• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовскиот поет Перица Сарџоски ја издаде стихозбирката „Огнен пој“

27/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Поетот и писател Перица Сарџоски го издаде своето најново литературно дело стихозбирката „Огнен пој“. Издавач е ПНВ Публикации. Ова е трето книжевно дело на Сарџоски, по поемата „Карпа жива“ од 2005, додека во 2006 година го има издадено патописниот роман „Цветниот пат“.

-„Огнен пој“ е збирка поезија во која се поместени повеќето од песните кои сум ги пишувал низ годините, со цел да ги соберам на едно место и да „остане запис за идните генерации“, изјави авторот Сарџоски.

Збирката содржи 33 песни поделени вотри циклуси кои го покажуваат процесот на зреење на поетската мисла.

-За стихозбирката Огнен пој: „Огнен пој“ е стихозбирка од македонски автор, чија структура ја претставува последната песна на фениксот (симболот на воскресението) која означува крај на еден животен циклус и почеток на нов, при што последната песна на фениксот е најубавата песна која маѓепсува, притоа алудирајќи на духовната и мистичната симболика со која авторот не води низ едно внатрешно патешествие со препознатлива универзалност, вели Елена Пренџова во рецензијата за стихозбирката.

 Таа потенцира дека во првиот циклус, поетот ја започнува својата духовна преобразба повикувајќи го читателот до длабочините на неговата душа.

-Во вториот циклус, песните се кратки и повикуваат на внатрешно согледување на процесот на преобразба, каде што зборот навлегува во метафизичкиот свет на поетот и синтетизира. Во третиот циклус, поетот го прикажува процесот на будење, кога човекот се гледа себеси како дете на Мајката Земја, поврзувајќи ги древните мистерии на Големата Мајка Божица со земјата во која живее денес, која иако распната, во неговите очи воскреснува заедно со него, градејќи една длабока метафизичка врска помеѓу минатото и сегашноста, со поглед кон вечноста, во кои поетот се препознава како универзално битие – космичко чудо, се вели во рецензијата.

Според рецензентот во песните доминираат мотиви и теми поврзани со лични, внатрешни, духовни и мистични доживувања на поетот, често поврзани со темата Македонија, што ја симболизира поврзаноста на поетот со својата земја, тој како нејзин гласноговорник, сведок на нејзиното битисување и небитисување, но и заштитник, преку кого се трансформира и земјата со која се поистоветува.

Перица Сарџоски е роден во 1976 година во Тетово. Дипломирал на Филолошкиот факултет (англиски јазик и книжевност) при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во 2001 година.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Министерката за одбрана Славјанка Петровска бара спомен обележје за убиените кај Вејце да направи Општина Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!