• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовските полицајци делеа флаери и превентивно ги предупредуваа возачите да не зборуваат на телефон додека возат

25/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Секој човек може да почека“, се пораките кои возачите во Тетово денеска ги добија во вид на флаери од сообраќајните полицајци кои ги делеа во централното градско подрачје.

Од СВР Тетово велат дека со оваа кампања се очекува да се придонесе за подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите да се воздржат од користење мобилни телефони додека возат и да бидат максимално внимателни и сконцентрирани.

-Во рамките на заедничката кампања „Вози внимателно и одговорно“, чии носители се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје, полициски службеници од СВР Тетово-Отсек за превенција, денеска (25 февруари)  во Тетово и Гостивар организираа превентивни активности, при што поделија и неколку стотини наменски изработени летоци. Во летоците кои им се делеа на возачите во централните подрачја на Тетово  и Гостивар, содржани се пораки со иста основна цел „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Секој човек може да почека“, а во функција на поголема лична и вкупна безбедност во сообраќајот. Ова, дотолку повеќе што зборувањето на телефон и пишувањето на пораки е опасно и ризично, го одвлекува вниманието на возачите и ги доведува во опасност да предизвикаат сообраќајни несреќи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За користење мобилни телефони при возење минатата година на подрачјето на СВР Тетово биле изречени над 500 законски предвидени мерки.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Почна да се гради камбанарија за црквата Свети Спас во тетовски Јелошник

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.