• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Тетовските полицајци ги едуцираат осмоодделенците за последиците од употреба на дрога, алкохол, цигари и превенција од трговија со луѓе

04/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Секторот за внатрешни работи Тетово започна со практична имплементација на два нови превентивно-едукативни проекти „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“ и „Превенција од трговија со луѓе и деца“.

Носител е Отсекот за превенција, а во рамките на овој проект со кој ќе бидат опфатени околу 3000 осмоодделенци од тетовските и гостиварските училишта кои следат настава на македонски, албански и турски јазик.

-Стручно обучени полициски службеници поблиску ќе ги запознаат ученици со опасностите од болестите на зависност и пред сè од консумирање дрога и алкохол. Покрај ова, ќе им се укаже и на штетните здравствени, социјални и општествени последици од ваквите пороци, но и законските импликации. Осмоодделенците, исто така, ќе бидат информирани и за тоа како да го препознаат евентуалното нивно вовлекување во трговија со луѓе, што значи тоа и кои можат да бидат крајните последици. На учениците ќе им се презентираат и конкретни примери на трговија за луѓе и потребата да бидат докрај внимателни и да избегнуваат непосредни контакти со непознати лица или преку социјалните мрежи, а кои најчесто ги залажуваат и им нудат средби, пари или предизвици, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Проектите кои ќе се одвиваат паралелно се планира да завршат до почетокот на идниот месец.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Општина Тетово ќе даде 32 илјади евра на маркетинг агенција за промоција на градот, има повик за изработка на лого на градот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!