Тетовските полицајци денеска делеа летоци во рамки на кампањата насловена „Честит празник на љубовта и виното“, со цел да се советуваат возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со потенцирање и на празничните денови.
Оваа активност ја реалира Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје.
– Заедничка цел на оваа активност на СВР Тетово-Отсек за превенција е подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите, дури и во највеселите-празнични и други мигови да се воздржат од управување на нивните возила под дејство на алкохол и да ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници, возачи и пешаци. За потсетување, во текот на 2022 година дури на 490 возачи им се изречени мерки поради констатирано управување на возило под дејство на алкохол. Само за овие два месеци такви мерки и глоби се изречени за 76 возачи во тетовскиот регион, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Полициските службенци на Отсекот за превенција поделија наменски изработени летоци на македонски и албански јазик и освежувачи за возила. Леетоците ги содржеа пораките:„Ако пиеш не вози, ако возиш немој да пиеш!“, „За весели моменти, насмевки и доживувања вози одговорно!“, „За тие што те сакаат и за тие што ги сакаш, почитувај ги сообраќајните правила и прописи“, „Љубовта оправдува многу нешта, но не и загрозување на безбедноста во сообраќајот“,
ас